Македонските економски зони топ бизнис дестинации за инвестиции, особено Охридско-струшкиот регион, кој се најде на прво место според рангирањето кое го изврши ФДИ магазинот на Фајненшл Тајмс. Рангирањето покажува дека овој регион е најповолен за инвеститорите во Европа, но на ранг-листата на високо место котираат и скопскиот и штипскиот регион. Со тоа Македонија е препознатлива бизнис дестинација, а по тој повод на 12-ти овој месец ФДИ-магазинот во Кан ќе додели и награда за Македонија. На доделувањето на наградата се очекува да присуствува директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо. Македонија е земја која поседува низа погодности, можности, поволни услови, квалитетна работна сила, кооперативен бизнис сектор но и успешна промотивна стратегија за што најдобар показател е бројот на СДИ односно, компании кои инвестирале или ги најавиле своите инвестиции- вели Мизо.
Македонските економски зони топ бизнис дестинации за инвестиции, особено Охридско-струшкиот регион, кој се најде на прво место според рангирањето кое го изврши ФДИ магазинот на Фајненшл Тајмс. Рангирањето покажува дека овој регион е најповолен за инвеститорите во Европа, но на ранг-листата на високо место котираат и скопскиот и штипскиот регион.
Со тоа Македонија е препознатлива бизнис дестинација, а по тој повод на 12-ти овој месец ФДИ-магазинот во Кан ќе додели и награда за Македонија. На доделувањето на наградата се очекува да присуствува директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.
- Македонија е земја која поседува низа погодности, можности, поволни услови, квалитетна работна сила, кооперативен бизнис сектор но и успешна промотивна стратегија за што најдобар показател е бројот на СДИ односно, компании кои инвестирале или ги најавиле своите инвестиции- вели Мизо.
Тој нагласува дека во сите овие регион Македонија има лоцирано технолошко - индустриски развојни зони кои што се интересни за инвеститорите заради тоа што се инфраструктурно решени, а компаниите можат веднаш да почнат да градат. Во рангирањето на ФДИ-магазинот, Македонија котира повисоко од сите земји во регионот, Србија, Бугарија, Романија. Ова според Мизо, ќе помогне земјата да привлече поголем број странски компании.
Според спроведените анализи од ФДИ во ноември 2013 година на пазарот забележани се 3.652 гринфилд ФДИ-проекти во Европа. Во европскиот регион се реализирани најмногу ФДИ-проекти, односно третина од глобалните ФДИ, од кои 665 инвестиции односно 18,2 отсто биле во делот на софтверскиот и ИТ-сектор.
Во студијата именувана Европските региони на иднината 2014/15" магазинот изврши анализа и рангирање, при што примени нова методологија односно ги внесе градовите и регионите како нови параметри кои ќе бидат анализирани според ФДИ стратегија и бројот на жители, со цел да се класифицираат градовите и регионите според нивната големина.
Македонија беше рангирана во ТОП 10 Европски региони, каде по ценовната ефикасност регионот Охрид-Струга е рангиран на прво место, во категорија ТОП 10 Мали европски региони. Во категоријата ТОП 10 Јужноевропски регион на ФДИ-стратегија, регионот Охрид-Струга е рангиран на шесто место.
Во групата градови, Македонија беше рангирана во категоријата ТОП 10 мали европски градови според ценовна ефикасност, каде Скопје е рангирано на прво место. Во ТОП 10 микро европски градови според ценовна ефикасност, Штип е рангиран на прво место, а втората позиција му припадна на градот Велес.
Во категоријата ТОП 10 Јужноевропски градови според ФДИ-стратегија, Скопје е рангирано на петто место, во категоријата ТОП 10 мали европски градови според деловна соработка, Скопје е рангирано на 10 место.
Регионално, во категоријата на ценовна ефикасност доминираше регионот на Источна Европа, односно на првото место рангирани се Охрид-Струга. Во рамките на рангираните градови и региони има формирани технолошко-индустриски развојни зони, од кои зоните во Скопје и Штип се функционални и во нив се сместени преработувачките капацитети на реномирани компании.
Рангирањата се направени врз основа на следниве критериуми: економски потенцијал, човечки капитал и животен стил, ценовна ефикасност, инфраструктура, деловна соработка и ФДИ-стратегија.